Top Sport

Ван дер Пел со прва победа на Париз-Рубе

Холандскиот велосипедист Матју ван дер Пел стигна до победа на супер-тешката класична трка Париз-Рубе првпат во својата кариера, за втора „монументална“ победа оваа сезона по Милан-Сан Ремо.

28-годишниот Ван дер Пел имаше среќа кога неговиот главен ривал, Белгиецот Вут ван Ерт доби дупната гумаа на 15 километри пред крајот, за да влезе сам на велодромот во Рубе со предност од 46 секунди пред својот клупски колега од тимот Алпесин-Десенинк, Јаспер Филепсен.

Париз-Рубе е една од петте „монументални“ еднодневни трки во велосипедизмот покрај Трката околу Фландрија, Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Џиро ди Ломбардија и Милан-Сан Ремо. Покрај победата на Милан-Сан Ремо минатиот месец, Ван дер Пел има и две победи на Трката околу Фландрија.

Scroll to Top