Top Sport

Челси ја одредиле цената за Азар

Челси биле подготвени наредното лето да му дозволат на Еден Азар да се пресели во Реал Мадрид. Британски „Телеграф“ објави дека цента по која Реал може да го добие Белгиецот изнесува 100 милиони фунти (112 милиони евра).

Азар, по завршувањето на сезоната ќе влезе во последната година од актуелниот договор што го има со Челси. Клубот инсистира Азар да остане, меѓутоа фудбалерот одолговлекува со продолжувањето на договорот и чека да заврши сезоната за да ја донесе конечната одлука.

Поради тоа на „Стенфорд Бриџ“ ја одредиле цената за својот најдобар играч. Доколку не го продолжат договорот, во клубот ќе реагираат на идентичен начин како во случајот со Тибо Куртоа.

Голманот кога влезе во последната година од договорот решија да му го продадат токму на Реал за 40 милиони евра.

Scroll to Top