Top Sport

Митровиќ и Камара се степале на јога

Напаѓачите на Фулам, Александар Митровиќ и Абубакар Камара физички се пресметале, поради што Камара не бил во составот на натпреварот против Барнли во саботата, пишува таблоидот „Сан“.

Интересно е што Митровиќ и Камара се степале на клупскиот час по јога. Наводно, Камара непристојно се однесувал кон инструкторот, на што реагирал Митровиќ. Останатите фудбалери морале да ги раздвојат овие двајца. Инцидентот се случил пред очите на менаџерот Клаудио Раниери.

Нетрпението помеѓу овие двајца започна пред две недели, кога Камара му ја зеде топката на Митровиќ за да го изведе пеналот на мечот со Хадерсфилд. Камар го промаши пеналот, а подоцна во самиот финиш Митровиќ погоди за победа на Фулам.

Поради недисциплината што ја покажува Камара, менаџерот Раниери сака да го продаде во овој преоден рок.

Scroll to Top