Корона вирусот продолжува да прави проблеми во англискиот фудбал, откако Челси ја затвори својата фудбалска академија и им советуваше на фудбалерите и тренерите да останат дома по 20 позитивни случаи во клубот.
Првиот тим на Френк Лампард, заедно со женскиот тим предводен од Ема Хејс, ќе останат во функција поради посебните „меури“ кои ги имаат во тренинг-центарот Кобем. Премиер лигата преговара за презакажување на мечевите на У-18 тимот и развојниот тим на Челси. Се верува дека во Велика Британија постои нова варијанта на КОВИД-19, која е позаразна од претходната и проценките велат дека 1 во 30 лондончани се носители на вирусот.
Стопирањето на активностите на академијата доаѓа откако фудбалерите добија двонеделна пауза за Божиќ и Нова Година поради недостаток на мечеви, а во тој период Лампард повика неколку од фудбалерите во академијата пред мечот од ФА купот против Моркемб, но тие не се заразени.
Првиот тим на Челси исто така доби „преселба“ на мечевите, откако дуелот со Фулам беше поместен од петок навечер до сабота поради корона вирусот, а мечот Тотенхем-Астон вила е одложен и заменет со меч со Фулам.