Челси ќе ја добијат битката со Манчестер јунајтед и Ливерпул за потписот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, тврди британскиот таблоид „Сан“, и во исто време ќе го срушат рекордот со исплата на 120 милиони фунти на германскиот клуб.
19-годишниот Англичанец е поранешен фудбалер на Манчестер сити, но не се снајде на „Етихад“, пред да има блескави настапи за Дортмунд, кои неколку пати признаа дека не би одбиле голема понуда за репрезентативецот на Албионот.
Манчестер јунајтед повеќе пати се обидуваше да го добие потписот на Санчо, но сега Челси се најсериозната дестинација со него, откако „сините“ ќе можат да купуваат по забраната за трансфери која ја добија и веќе ги информирале Дортмунд дека се подготвени да дадат над 100 милиони фунти за тинејџерот.