Челси влегуваат во трката за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, тврди италијанскиот „Калчомеркато“, одлука што може да значи крај на престојот на најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага на „Стемфорд бриџ“.

Според италијанските извори, Френк Лампард смета дека Донарума е далеку подобар голман од Кепа, со кого влезе во конфликт оваа сезона по неубедливите перформанси и најверојатно ќе го продаде овој месец.

Сепак, тимот на Роман Абрамович се приклучува на долгата листа на „лицитатори“ за Донарума, кој беше поврзуван и со Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид. 21-годишниот голман има договор со Милан до јуни 2021 година, но повеќе пати неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола тврдеше дека тој ќе бара нов клуб.