Top Sport

Не бил заразен со коронавирусот, само ширел паника (Видео)

Жоао Соуза, тенисер кој е суспендиран поради месетење на мечеви, предизвика паника во родниот Бразил, поради која би можел да заврши на суд.

Соуза со една видео-снимка предизвика хаос. Тој со својата сестра разговара на актуелната тема со коронавирусот.

„Имам коронавирус, им го пренесовме на луѓе“, вели неговата сестра.

Откако видеото било објавено на социјалните мрежи веднаш биле предупредени жителите на Сао Паоло, а против Соуза и неговата сестра е отворена истрага.

„Никого не заразивме со коронавирусот. Тоа беше лоша шега. Жал мие “, рекол Соуза кога му станало јасно каква паника предизвикал.

Соуза најдобриот пласман во кариерата го имал во јануари 2015 година, кога на АТП листата бил на 69 место. Во јануари оваа година доби доживотна суспензија поради местење на мечеви.

Scroll to Top