„Марка“, објави дека Еден Азар и Матео Ковачиќ наскоро ќе ги комплетираат своите трансфери во Реал, односно во Челси. Истито извор тврди дека трансферите ќе бидат одвоени, односно дека Хрватот нема да биде кусурот во трансферот на Белгиецот.
Ковачиќ минатото лето на „Стенфорд Бриџ“ пристигна како позајмен играч и бидејќи е регистриран за Челси, клубот од Лондон, иако се наоѓа под суспензија од страна на ФИФА, ќе може да исплати обесштетување за него.
Од друга страна трансферот на Азар треба да изнесува 100 милиони фунти (116 милиони евра).
25 годишниот фудбалер сезонава има одиграно 49 натпревари за Челси со скромен учинок, нема постигнато гол, а има забележано само две асистенции.
Неодамна читателите на порталот „talkSPORT“ го избраа во најлошиот тим во Премиер лигата.