Top Sport

Симеоне: Една е причината поради која Роналдо е подобар од Меси

Меси или Роналдо? Роналдо или Меси? Ова е вечната дилема на фановите и стручњаците во последните 15 години. Во „расправата“ се вклучи и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне.

Интересно, во изјавата за шпанските медиуми тој предност му дава на Кристијано Роналдо пред неговиот сонародник од Аргентина, Лионел Меси.

„Кристијано е многу подобар фудбалер за екипите што имаат помалку опции и кои се потпираат врз него. Роналдо ви нуди неверојатни решенија и тоа многу пати го покажал. Роналдо се може да реши во два напади, не му требаат десет како на Меси“, рекол Чоло.

„Двајцата се одлични разликата е многу мала. Некако за мене Роналдо е подобар поради тоа што може се да реши со два удари, со два удари со глава. Меси е подбар во нападот и она што го прави е неверојатно. Секогаш наоѓа решение, но за да постигне гол му треба повеќе време, отколку на Роналдо. Роналдо во две акции го решава натпреварот. Такви играчи сакам“, заклучил Симеоне.

Очигледно дека оваа изјава е „изнудена“ од осмина-финалниот реванш помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, кога Роналдо во две акции, два пати со глава го совлада Облак.

Scroll to Top