Top Sport

Челси ќе го позајми Кепа во Наполи

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е подготвен да се раздели со голманот Кепа Аризабалага. Во летото 2018 година, Челзи го урна светскиот рекорд, кога за голманот Кепа на Атлетик Билбао му плати 80 милиони евра.

Репрезентативецот на Шпанија не ги исполни очекувањата на „сините“. Неговата кариера е во голем пад, а како што пренесува „Ла Република“, Челзи ќе го испрати Капа во Наполи на позајмица.

Кепа досега 11 пати го има облечено дресот на шпанската репрезентација, неговата моментална цена е само 10 милиони евра.

Scroll to Top