Top Sport

Челси ќе го пуштат Абрахам во Рома, но сакаат опција да го вратат

Челси се согласиле да го пуштат Теми Абрахам во Рома за 40-тина милиони евра, но инсистираат во договорот да има опција тие да го откупат во иднина, тврди порталот „Гол“.

Генералниот менаџер на Рома, Тијаго Пинто сака брз договор, бидејќи Един Џеко веќе ги помина медицинските тестови пред трансферот во Интер, каде што треба да го замени Ромелу Лукаку. Една пречка се личните услови на 23-годишниот Англичанец покрај интересот на Арсенал.

Челси со опцијата за враќање на Абрахам во Челси, иако под висока цена, обезбедуваат можност да си го вратат играчот од својата школа, за да не дојдат во ситуација како со Ромелу Лукаку, кого го имаа под договор пред седум години.

Scroll to Top