Top Sport

Италијанскиот херој Спинацола пишува книга за ЕУРО 2020

Левиот бек на Рома и на италијанската репрезентација, Леонардо Спинацола почна со пишување на книга за неговото искуство на Европското првенство, вклучувајќи ја и неговата несреќна повреда.

Спинацола доби две награди за играч на мечот пред неговиот настап на првенството да биде „скратен“ во четврт-финалето, кога доби посериозна повреда – скината ахилова тетива. Тој беше на операција, пред да се врати на патерици во текот на финалето и да го добие златниот медал.

„Работам напорно и полека се опоравувам, така што немам причина да бидам незадоволен. Кога го кренавме трофејот, тоа беше најдобриот ден во мојот живот, секако, после раѓањето на моите деца. Не можев да побарам подобро текот на кариерата. Кога се повредив бев нерасположен, но пола час подоцна веќе размислував за враќањето. Сега имам доста време, така што почнав да пишувам. Тоа ќе биде книга за ЕУРО, не за мојот живот. Ќе се обидам да ги пренесам искуствата во тие неверојатни денови. Тоа што бевме, тоа што сме и тоа што ќе бидеме. Книгата треба да биде објавена во септември или октомври“, открива Спинацола во интервју за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top