Колапсот кој се најавува на европскиот шампион Челси може да биде избегнат, односно да се дозволи продажбата на клубот, но само ако Роман Абрамович не добие ниту пени од зделката, јавува британскиот „Дејли мејл“.
Мобилниот оператор „Три“ денеска го суспендираше договорот од 40 милиони фунти за спонзорство на дресовите со Челси, а се очекува истото да го направат и другите спонзори, откако против газдата Роман Абрамович беа донесени санкции од британската влада. Челси веќе побараа преговори со владата за следните чекори, а според „Дејли мејл“, Абрамович не би смеел да заддржи ништо од парите за евентуалната продажба, за чија иднина ќе одлучува владата на Велика Британија.
Минатата година Челси заработија 154 милиони фунти во комерцијални договори и покрај пандемијата на коронавируот. Сега, под санкции на клубот е му е дозволени да продава билети (само тие со сезонски билети ќе можат да бидат на мечевите), да прави трансфери, да продава дресови и друга опрема, да троши повеќе од 20.000 фунти за гостувања, и секако, да не прават никакви градежни интервенции на „Стемфорд Бриџ“.
Челси уште смее да ги плаќа играчите и другите вработени, да игра на мечевите, и да добива пари од ТВ-преносите, кои сепак ќе бидат замрзнати од британската влада.