Top Sport

Челси ќе му го раскинат договорот на Обамејанг по посетата на „Ноу Камп“

Челси се подготвени да му го поништат договорот на Пјер-Емерик Обамејанг по неговото враќање во Барселона во текот на викендот, кога присуствуваше на „Ел класико“ и пото се дружеше со неговите поранешни соиграчи, тврди каталонскиот „Спорт“.

Тие додаваат дека иако немло директен контакт со претседателот на клубот, Жоан Лапорта, Обамејанг директно изразил желба за враќање во тимот каде што помин половина сезона, и бил подготвен за драстично намалувае на платата. Сега, се верува дека Челси се подготвени да му го раскинат договорот една година предвреме и да му дозволат во текот на летото како слободен играч да се врати во Каталонија.

Обамејанг беше донесен на „Стемфорд Бриџ“ по барање на Томас Тухел, со кого играше заедно во Борусија Дортмунд, но германскиот тренер доби отказ само неколку дена подоцна. Под Греем Потер, 33-годишниот Обамејанг има само 18 настапи во сите натпреварувања и се смета како „вишок“ во тимот.

Scroll to Top