Top Sport

Наполи без понуда од 150 милиони евра не „седнуваат“ на маса за преговори за Осимен

Наполи се сигурни дека ќе успеат да го задржаат Виктор Осимен во клубот ова лето, поставувајќи цена од 150 милиони евра, без која воопшто не би „седнале на маса“ за разговор за нигерискиот напаѓач, тврди италијанскиот весник „Ил матино“.

Минатото лето, откако Наполи ги загуби своите најважни играчи, како Калиду Кулибали, Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс и Фабијан Руиз, малкумина очекуваа висок пласман, но наместо тоа, Осимен и грузискиот плејмејкер Квича Кварацхелија направија „бум“ со неверојатни 21 поени предност на врвот на табелата, со што речиси сигурно ја освојуваат првата титула од 1990 година, од ерата на Диего Марадона.

24-годишниот Осимен, кој има 21 гол во 23 меча во Серија А оваа сезона, според британските медиуми е главна цел на Манчестер јунајтед, иако Хери Кејн од Тотенхем е во игра, но според „Ил матино“, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис најавил дека без почетни 150 милиони евра, воопшто не влегува во разговори за напаѓачот.

Scroll to Top