Челси ги кројат плановите за наредната сезона. „Сините“, имаат намера да ја засилат одбраната. Во овој преоден рок им пропадна трансферот на Жил Кунде од Севилја, а според некои шпекулации ПСЖ ја одбил нивната понуда од 100 милиони евра за Маркињос.
Англиските медиуми тврдат дека Челси, наредното лето, ќе тргнат по потписот на Матијас Де Лихт.
Холанѓанецот има договор со Јувентус до јуни 2024 година. Челси имале намера да ја активираат откупната клаузула од 150 милиони евра.
Челси, мора да го засилат овој дел од тимот, бидејќи е извесно дека Антонио Ридигер ќе замине од „Стенфорд Бриџ“ како слободен играч. Германецот имал понуди од шест клуба.