Top Sport

Челси ќе се бори за прва светска титула – голот на Лукаку доволен за победа над Ал-Хилал

Европскиот шампион Челси ќе се судри со шампионот од Копа Либертадорес, Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство, откако „сините“ со 1:0 беа подобри од саудискиот Ал-Хилал.

„Џокер“ на тимот на Томас Тухел беше Ромелу Лукаку, кој во 32. минута од мечот доби „подарок“ од одбраната на Ал-Хилал за да постигне лесен гол. Челси имаа далеку повеќе од играта и многу повеќе шанси, но на крајот еден гол беше доволен за шанса да се заокружи фантастичната сезона.

Scroll to Top