Top Sport

Челси ќе заработат 15 милиони евра на фудбалер кој не заигра за нив

Челси ќе профитираат околу 15 милиони евра со зделката за Марио Пашалиќ, хрватскиот фудбалер од средниот ред кој не одигра ниту еден меч во шест години со „сините“.

Пашалиќ пристигна од Хајдук Сплит за 3 милиони фунти во 2014, и набргу беше пратен на позајмица во Елче во Шпанија, по што имаше привремени трансфери и во Монако, Милан и Спартак Москва.

25-годишниот Хрват имаше одлични две сезони на позајмица во Аталанта, кои сега ќе ја искористат опцијата да го купат. Пашалиќ имаше 32 настапи за Аталанта оваа сезона со 7 постигнати гола и беше дел од фантастичниот тим кој се пласираше во четврт-финалето во Лигата на шампионите во својата прва сезона во натпреварувањето.

Ова не е исклучок во зделките на Челси, кои имаат модел на држење на огромен број на фудбалери кои ги купиле евтино, а потоа ги пратиле на позајмица или на продажба за повисока цена.

Scroll to Top