Top Sport

Рома ја одбиле првата понуда на Јуве за Заниоло, бараат 60 милиони евра

Јувентус добиле „корпа“ при првиот обид да го откупат Николо Заниоло од Рома, откако „волчицата“ јасно им порачала дека очекува околу 60 милиони евра во кеш за младиот фудбалер.

Според „Тутоспорт“, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи му понудил на директорот на Рома, Гвидо Феинга фудбалери за замена за Заниоло, но и покрај финансиските проблеми кои ги има Рома, клубот од претстолнината се обидува да ги заддржи своите ѕвезди.

Претходните шпекулации во италијанскиот печат тврдеа дека „старата дама“ ги понудиле Роландо Мандрагора, Даниеле Ругани, Федерико Бернардески и Кристијан Ромеро како можни алтернативи за замена.

Рома под водство на претседателот Џејмс Палота е во тешка финансиска состојба, откако пропадна обидот за продажба на тимот и имаат долгови од околу 280 милиони евра покрај падот на очекуваниот промет од 100 милиони евра, така што е можно да се предомислат околу продажбата на своите играчи.

Scroll to Top