Top Sport

Челси „колабираше“ против Тотенхем, Конте пред излез (видео)

Тотенхем направи пресврт и триумфираше со 1:3 на „Стемфорд бриџ“, ставајќи ги актуелните шампиони Челси во речиси невозможна ситуација за пласман во Лигата на шампиони, и поставувајќи дополнителен притисок над менаџерот Антонио Конте.

Алваро Мората во 30. минута стрелаше по подолга пауза за да ги врати насмевките на лицата на фановите на Челси, но Кристијан Ериксен пред крајот на полувремето со одличен удар го совлада Кабалјеро за израмнување на полувреме.

Потоа следуваше „двојниот удар“ на Деле Али, кој во 62. и 66. минута ја „уништи“ одбраната на „Сините“ за импресивна победа.

Тотенхем останува на четвртото, а Челси на петтото место во Премиер лигата, меѓутоа сега разликата меѓу нив е дури осум поени, со што надежите на „Сините“ за пласман во ЛШ изгледаат далечни.

Фото: ЕПА

Scroll to Top