Кога Челзи ги договори условите за позајмица за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо летото, тој се обврза на нов договор на крајот од тековната сезона. „Сините“, можат да го откупат неговиот договор за 25 милиони фунти, но клубот од Лондон ќе мора го исплати конкурентот од „Олд Трафорд“ и во случај да го врати Санчо назад во Манчестер.
Според она што Санчо го прикажа во дресот на челси, јасно е дека клубот нема да го откупи од Манчестер јунајтед.
Доколку Челзи навистина се откаже од откупот на договорот ќе мора да му плати на Манчестер јунајтед пет милиони фунти.
Фудбалерот, кој наскоро ќе наполни 25 години, пристигна на „Олд Трафорд“ во 2021 година како еден од најголемите светски таленти во трансфер вреден 85 милиони евра.
Санчо беше отстранет од тимот на Манчестер јунајтед во септември 2023 година поради конфликт со претходниот менаџер Ерик тен Хаг.
Англичанецот сезонава одигра 23 премиерлигашки натпревари во синиот дрес, од кои стартуваше на 16. Постигна два гола и запиша четири асистенции.
„Сините“ се четврти на табелата во Премиер лигата со 49 бодови, додека лидерот Ливерпул има 70.