Top Sport

Челси му дадоа петгодишен договор на Греем Потер!

Челси го потврдија именувањето на досегашниот менаџер на Брајтон, Греем Потер како замена за Томас Тухел, кој доби отказ по 1:0 поразот од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите. Англискиот тренер добива петгодишен договор на „Стемфорд Бриџ“ и тој ќе ги предводи „сините“ веќе овој викенд против Фулам.

„Посебно сум горд и возбуден што ќе ги претставувам Челси, фантастичниот фудбалски клуб. Возбуден сум што влегувам во партнерство со новите сопственици на клубот и едвај чекам да почнам да работам со фудбалерите, со кои ќе градими тим и култура на кои навивачите ќе можат да бидат горди. Им се заблагодарувам на Брајтон и Хоув албион за тоа што ми дозволија да ја добиам оваа шанса, и посебно на газдата Тони Блум и сите фудбалери на клубот“, изјави Потер.

Челси ја платија откупната клаузула на Потер од 15 милиони фунти и 47-годишниот Англичанец е првиот тренер под водство на новиот газда Тод Бели и неговата „Клирлејк капитал“.

Потер стана менаџер на Брајтон во мај 2019 година, по што го однесе клубот на 15., 16. и 9. место во трите полни сезони и ги остава како четврти и во здрава финнсиска ситуација откако успеаја да продадат повеќе фудбалери, вклучувајќи го и Марк Кукуреља на Челси за 62 милиони фунти.

Scroll to Top