Top Sport

Челси му го раскина договорот на Рос Баркли

Рос Баркли ќе си замине од Челси по четири години, откако премиерлигашот се договори со англискиот фудбалер од средниот ред за раскин на договорот, откако не ги исполни големите очекувања по трансферот од Евертон во јануари 2018.

28-годишниот Баркли имаше 100 настапи за Челси во кои постигна 12 гола, но во последните две сезони не беше во првиот тим на Томас Тухел, а имаше уште една сезона од неговиот договор.

„Рос Баркли си заминува од Челси со взаемн согласност и станува слободен агент. Моментите на кои ќе се сеќаваме е голот за израмнување против Манчестер јунајтед во првата сезона на ‘Стемфорд Бриџ’, а таа сезона тој помогна да се освои титулата од Лига Европа, со пенал против Ајнтрахт во полуфиналето и со победата над Арсенал во финалето“, се вели во објавата на Челси.

Scroll to Top