Top Sport

Спектакуларно видео од дрон на обновениот „Бернабеу“

Реал Мадрид продолжуваат на своите навивачи да им покажуваат како трае обновата на „Естадио Сантијаго Бернабеу“, објавувајќи прекрасно видео на социјалите мрежи.

Видеото покажува внатрешни и надворешни снимки од стадионот, со посебен фокус на новиот тревнат терен, кој се повлекува, и поради кој клубот побара првите три меча во Ла лига да ги игра на гостински терен.

„Бернабеу“ треба да биде комплетно подготвен за следната сезона.

Scroll to Top