Челси се решија да ја искористат опцијата и да го продолжат договорот на Оливие Жиру до 2021 година, со што се става крај на шпекулациите дека тој ќе замине во Италија, во Интер или во Лацио, јавува „Скај спорт Италија“.
Французинот ќе станеше слободен агент на крајот на сезоната, а „сините“ наводно сакаа да го продадат уште во јануари, но не го направија тоа само бидејќи не можеа да најдат замена. 33-годишниот Жиру претходно, наводно, добил двегодишна понуда од Интер.
Жиру имаше само девет старта за Челси оваа сезона со три постигнати голови, така што не е јасно дали со овој потег Челси и менаџерот Френк Лампард планираат на него и следната сезона или само се обидуваат тој да не замине бесплатно од „Стемфорд бриџ“.