Челниците на Челси му соопштиле на Калум Хадсон-Одои дека нема да му дозволат да го напушти клубот и по цена да не потпишен нов договор, соопштија англиските медиуми.
За услугите на Хадсон-Одои интерес покажале неколку екипи, а се проценува дека понудите за него се движат помеѓу 35 и 40 милиони фунти.
Челси немаат намера да го продадат поради забраната за трансфери што им ја изрече ФИФА. „Сините“ ќе можат да бидат активни на трансфер пазарот од јуни 2020 година.
Овој 18-годишник нема да биде продаден, иако Челси ризикуваат тој во 2020 година да го напушти клубот како слободен играч.
Наводно на одлуката влијаело и извесното заминување на Еден Азар во Реал Мадрид.