Top Sport

Челси не го сакаат Мегваер, тргнуваат по Гехи

Челси знаат дека мора да донесат централен дефанзивец во летниот преоден рок по повредата на Весли Фофана, но не се заинтересирани за екскапитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер, и ќе се обидат да го вратат Марк Гехи во „синиот“ дрес.

Фофана ги скина лигаментите во своето колено и ќе паузира повеќе месеци, а откако го продадоа и Калиду Кулибали, тимот на Маурисио Почетино се најде во незавидна ситуација. И покрај шпекулациите дека се заинтересирани за Мегвар, според „Гол“, главната цел е играчот на Кристал палас, Марк Гехи.

23-годишниот Гехи произлезе од академијата на Челси, но не доби шанса и пред две години беше продаден на Кристал палас. Тој има уште три години од својот договор со клубот од јужен Лондон, така што Челси ќе треба да платат добра сума за неговите услуги.

Scroll to Top