Top Sport

Сити и Лајпциг се договорија за Јошко Гвардиол

Манчестер сити и РБ Лајпциг ја договорија цената за трансферот на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, и сега останува само уште да се завршат медицинските тестови пред да биде презентирано најголемото засилување за тимот на Пеп Гвардиола, тврдат повеќе англиски извори.

Според Фабрицио Романо, договорот е формалност, откако клубовите се согласиле на засега неопределената сума која ќе ја плати англискиот шампион, откако претходно Лајпциг бараа 100 милиони евра.

21-годишниот Хрват веќе ги договори личните услови со премиерлигашот, и го комплетираше првиот дел од медицинските тестови во средата.

Scroll to Top