Top Sport

Челси не се откажуваат од походот по Лукаку

И покрај тоа што тој самиот изјави дека нема желба да се врати во Лондон, а Интер двапати ја одби нивната понуда, Челси подготвуваат и трета понуда за Ромелу Лукаку, откако Роман Абрамович очигледно сака да ја исправи грешката со продажбата на белгискиот напаѓач.

Според „Атлетик“ и „Телеграф“, Абрамович и менаџерот Томас Тухел го поставиле Лукаку како главна цел ова лето, откако стана јасно дека Борусија Дортмунд нема да го продава Ерлинг Халанд.

Лукаку се препороди по трансферот од Манчестер јунајтед во Интер, откако постигна 64 гола во 95 меча за Интер, со кои минатата сезона го освои и скудетото. Иако Интер има финансиски проблеми, во клубот инсистираат дека Лукаку нема да биде продаден, посебно бидејќи Лаутаро Мартинез одбива нов договор и е многу поверојатно тој да замине. Сепак, доколку сумата достигне 100 милиони евра, тогаш продажбата е пореална, посебно бидејќи Интер плати 74 милиони евра за него.

Scroll to Top