Top Sport

Нови сомнежи околу легалноста на трансферот на Осимен во Наполи

Откако француските власти пред неколку месеци официјално објавија дека го испитуваат трансферот на Нигериецот Виктор Осимен од Лил во Наполи, денеска француските медиуми фрлија нови сомнежи за напаѓачот за кој беа платени неверојатни 81 милиони евра.

По повеќе недели преговарање, договорот беше склучен за 71 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, сума која го вклучуваше и трансферот на четири фудбалери кои Наполи ги предаде на Лил – Орестис Карнезис и младинските фудбалери Клаудио Манци, Чиро Палмиери и Луиџи Лигури.

И тогаш беше изненадувачко што непознатите тинејџери добија вкупна проценка на 30 милиони евра, а уште позачудувачки тие воопшто не заиграа за Лил, туку беа позајмени на Фермана во Серија Ц. Сега францускиот „Гол“ тврди дека Лил им ги прекинал договорите, оставајќи ги како слободни агенти.

„Л’Екип“ уште во јуни објави дека француските власти го истражуваат трансферот на Осимен, иако во Наполи одговорија дека се работи за потенцијален проблем на сметководството на Лил, а не за грешки на Наполи.

Scroll to Top