Top Sport

Челси не сопира – го договориле Мадуеке за 30.5 милиони фунти!

Челси се договориле со ПСВ Ајндховен за трансферот на талентот Нони Мадуеке за 30.5 милиони фунти, јавуваат англиските медиуми, потврдувајќи дека лудото трошење на пари во лондонскиот клуб во јануари не е готово.

ПСВ веќе го загубија својот прв талент Коди Гакпо, кој потпиша за Ливерпул, а сега и 20-годишниот англиски младински репрезентативец е на патот за Премиерлигата, откако Челси закажале медицински тестови по вербалниот договор со холандскиот клуб. Мадуеке, кој обично игра како крило, но понекогаш и како напаѓач е роден во Барнет и играше во младинската школа на Кристал палас и Тотенхем, пред да се пресели во Холандија, каде што продолжи со ПСВ.

Челси веќе ги донесоа Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил, Давид Датро Фофана, Андреј Сантош во зимскиот преоден рок, а исто така го добија и Жоао Феликс на позајмица од Атлетико Мадрид во обид со засилувања да ги решат проблемите на тимот на Греем Потер, кој во моментов е на 10. место на табелата.

Scroll to Top