Top Sport

Лацио и Болоња со посебна почест за Михајловиќ

Лацио и Болоња, двата италијански клубови кои најмногу ги сакаше Синиша Михајловиќ, му оддадоа почит на поранешниот српски тренер и фудбалер пред нивниот меч од Копа Италија на „Олимпико“.

Михајловиќ, кој почина минатиот месец по борбата со леукемијата, некои од своите најдобри партии ги имаше како фудбалер на Лацио, а потоа двапати беше тренер на Болоња. Во присуство на неговото семејство и на управата на двата клуба, Михајловиќ доби овации од публиката.

На теренот, на Лацио им беше доволен само еден гол, тој на Фелипе Андерсон во 33. минута по асистенција на Педро, за да го запечати пласманот во четврт-финалето на Копа Италија, каде што ги чека меч со подобриот од дуелот Јувентус-Монца.

Scroll to Top