Top Sport

Челси не запира, Џексон доаѓа на „Стенфорд Бриџ“

Младиот напаѓач од Сенегал, Николас Џексон (21) ќе потпише договор со Челси, пренесува англиски „Атлетик“.

Џексон има добра сезона зад себе во дресот на Виљареал. Постигна 13 гола и го привлече вниманието на големите клубови, поради што од „Стенфорд Бриџ“ решија да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор.

Челси за Џексон на Виљареал ќе му плати 35.000.000 евра.

Scroll to Top