Крстијано Роналдо не се наоѓа во плановите на Томас Тухел и покрај тоа што англиските медиуми пишуваат дека Челси се најголемите фаворити за потписот на португалскиот голгетер. Роналдо, од челниците на Манчестер јунајтед побара дозвола да го напушти клубот.
Томас Тухел, наводно му кажал на новиот газда Том Боели дека Роналдо не му е потребен. Во новата сезона, кога во Челси го нема Ромелу Лукаку, Тухел планира да игра со Стерлинг, Рафиња (доколку Бразилецот се пресели во Лондон) и Каи Хаверц како лажна деветка.
Значи, Тухел ќе го копира сонародникот од Ливерпул, Јирген Клоп, кој најголемите успеси ги постигна со Салах и Мане на крилните позиции и Роберто Фирмино како лажна деветка.
На Тухел му е јасно дека Роналдо нема да прифати да биде резерва или да не игра на секој натпревар.