Top Sport

Челси со „петарда“ за Стоук, Салах-шоу во Ливерпул (видео)

Пет различни фудбалери постигнаа по еден гол за Челси да стигне до импресивна предновогодишна победа од 5:0 над Стоук сити, додека Мохамед Салах повторно беше најдобар играч на Ливерпул, правејќи пресврт за 2:1 победа над Лестер.

Ридигер, Дринквотер и Педро во првото полувреме и Вилијан (од пенал) и Запакоста во второто полувреме ја затресоа мрежата на аутсајдерот Стоук. Челси со победата барем привремено го помина Манчестер јунајтед на второто место на табелата со 45 поени, два повеќе од Јунајтед, но дури 13 помалку од лидерот Манчестер сити.

На „Енфилд“ пак, Лестер дојде рано во водство преку двоецот Ријад Марез-Џејми Варди веќе во третата минута. Салах, пак, покажа дека е во животна форма, откако прво во 52. минута, а потоа во 76. минута сам направи пресврт за 2:1 победа.

Шкотланѓанецот Рајан Фрејзер постигна два гола за Бурнемаут да ја прекине одличната низа на Евертон со 2:1 победа.

Свонси, под водство на новиот менаџер, Карлос Карваљал, се крена од последното место на табелата, откако постигна два гола во последните пет минути за 1:2 победа на гостувањето кај Ватфорд.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 21.КОЛО

Бурнемаут – Евертон 2:1

Челси – Стоук сити 5:0

Хадерсфилд – Барнли 0:0

Ливерпул – Лестер 2:1

Њукасл – Брајтон 0:0

Ватфорд – Свонси 1:2

Scroll to Top