Top Sport

Челси по бесот на фановите, се откажа од планот за поскапи билети

Челси потврдија дека ја замрзнале цената на сезонските билети за следната сезона по бесот на навивачите околу Европската Суперлига.

Оваа одлука доаѓа откако „сините“ имаа состанок со форумот на навивачи во понеделникот навечер, само 24 часа откако потпишаа пристапување кон Европската Суперлига, пред да се повлечат заедно со другите пет англиски клубови.

Поради ова, клубот реши да се откаже од планот за зголемување на цената на билетите, со што останува истата цена која беше достапна од сезоната 2011/12. Конечната одлука за билетите за европските натпреварувања е одложено додека не се види дали тимот на Томас Тухел ќе игра во Лигата на шампионите или во Лига Европа.

Челси како дел од удоволување на барањата на фановите, потврди дека ќе се обновува западната трибина на „Стемфорд бриџ“, а на дел од трибината ќе бидат и поставени „шини“ за стоење, иако ова ќе го намали капацитетот на стадионот за 500 седишта.

Scroll to Top