Во Челси биле подготвени да ги слушнат понудите за еден од нивните најдобри играчи Нголо Канте, тврди порталот „90мин“.
Според овој извор за Канте се интересираат два клуба, Реал Мадрид и ПСЖ. Овие два клуба и претходно се поврзуваа со францускиот репрезентативец.
Канте има 29 години, а тренерот на Челси Френк Лампард не гледал дека тој може да биде долгорочно решение во редот за врска.
Прашање е само колку пари Челси ќе побараат за светскиот првак со Франција од 2018 година.