Откако успеаја да го задржат својот најдобар фудбалер во тимот, челниците на Челси подготвуваат богат договор за Еден Азар.
Белгиецот, во текот на преодниот рок, се поврзуваше со Реал Мадрид, дури и тој изјави дека сака да игра на „Сантијаго Бернабеу“, но откако Челси ги одби сите понуди, тој реши да остане во Лондон.
Пред неколку дена самиот изјави дека е среќен на „Стенфорд Бриџ“, а од Челси се подготвени богато да ја наградат неговата лојалност.
Доколку Азар се согласи да го продолжи договорот до јуни 2023 година, тогаш неделно ќе заработува 300.000 фунти.
Според шпекулациите двете страни веќе разговарале на оваа тема, Азар се согласил да го продолжил договорот со услов тој да биде помал од пет години.