Top Sport

Азар: Би било чудно сега да ме продадат

Фудбалерот на Челси, Еден Азар, рекол дека е среќен во овој клуб и дека најмалку до крајот на сезоната ќе остане на „Стенфорд Бриџ“. Пред еден месец, кога се шпекулираше дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за него, Азар, изјави дека „можеби е време за поинаков предизвик“ и дека „знае каде би сакал ќе ја продолжи кариерата“.

Откако Челси ги одби понудите за Азар, наводно Реал бил подготвен да плати и 200 милиони евра, Белгиецот вели дека е среќен онаму каде што се наоѓа.

„Добро се чувствувам тука. Ќе видиме што ќе се случи за една или две години. Дали ќе заминам оваа година? Нема да си одам. Сите знаат што изјавив по Светското првенство, но јас сум среќен тука“, изјавил Азар за радиото Монте Карло.

Оваа година преодниот рок во Премиер лигата заврши на 10.август, додека во најголемиот дел на националните првенства тој трае до последниот ден на август.

„Преодниот рок во Англија заврши. Клубовите повеќе не можат да купуваат играчи. Би било чудно сега да се решат да ме продадат, во ситуација кога не можат да најдат замена“, дополнил Белгиецот.

Инаку, договорот на Еден Азар со Челси истекува за две години.

Scroll to Top