Непланирано, Федерико Кијеза може да биде една од главните ѕвезди во летниот преоден рок. Вчера се појавија информации дека Баерн Минхен, понудиле 80 милиони евра за Кијеза, Денес, новинарот на „Билд“, Кристијан Флак, објави дека Јувентус добиле уште една понуда за Кијеза.
Според новинарот, од „Стенфорд Бриџ“ во Торино испратиле понуда за Кијеза тешка 100 милиони евра.
Челси имаат потреба од засилување на крилните позиции, бидејќи на трансфер листата се ставени Хаким Зијеш и Калум Хадсон-Одои.
Предноста на Кијеза е таа што може да игра крај двете аут-линии во нападот.
Фудбалерот на Јувентус, во неделата, со Италија ја освои титулата на Европското првенство.
Јувентус, како што тврди Флак, ја одбиле понудата на Челси.