Ирвинг Лозано, репрезентативец на Мексико, веројатно во зимскиот преоден рок ќе го напушти ПСВ Ајндховен.
Мексиканецот зад себе има извонредна година, минатата сезона ја заврши со 19 гола и 11 асистенции, а во есенскиот дел од новата сезона на 27 натпревари има учинок од 15 гола и осум асистенции.
Неколку славни европски екипи покажуваат интерес за услугите на Мексиканецот, а како што пишува „Калчомеркато“, најсериозни биле намерите на Челси.
Челниците на екипата од Лондон, според овој извор биле подготвени да ја активираат откупната клаузула која стои во неговиот договор, а која изнесува 40 милиони евра.
Евентуаниот трансфер на Лозано и трансферот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд го голема веројатност ги потврдуваат шпекулациите дека Еден Азар по завршувањето на сезоната ќе замина од Челси.