Top Sport

Атлетико и Валенсија биле заинтересирани за Алексис Санчез

Фудбалертот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, би можел да се врати во Шпанија во зимскиот преоден рок. Интерес за Чилеанецот покажале Атлетико Мадрид и Валенсија.

Санчез не го оправда својот трансфер на „Олд Трафорд“. Од почетокот на новата сезоната ретко добиваше шанси од Жозе Мурињо, а ништо не се смени околу неговиот статус и со доаѓањето на новиот тренер, Оле Гунар Солскјер.

Во Јунајтед не би се противеле доколку успеат да се ослободат од Сачез и од неговата висока плата. Чилеанецот годишно заработува 15 милиони евра.

Се претпоставува дека клубот од „Олд Трафорд“ не би побарал голема сума за обесштетување, бидејќи пред една година со Арсенал си ги разменија Алексис Санчез и Хенрик Мхитаријан.

Алексис Санчез, во минатото, играше три години во Шпанија, во дресот на Барселона, потоа истот така успешни играше за Арсенал.

Scroll to Top