Челзи се уште нема завршено со активностите во преодниот рок. Томас Тухел сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“, играчот кој потекнува од младинската школа на Евертон, Ентони Гордон.
Ентони Гордон (21), во првиот тим на „Карамелите“ е од 2020 година.
Челси испратиле понуда вредна 40 милиони фунти. Евертон ја одбиле оваа понуда, не дека не сакаат да го продадат Гордон, туку дека сакаат втората понуда да биде поголема. Според англиските медиуми, Евертон ќе го продаде Гордон за 50 милиони фунти.
Се шпекулира дека трансферот може да биде комплетиран во наредните денови. Наводно фудбалерот едвај чека да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Гордон минатата сезона одигра 35 натпревари за Евертон и постигна четири гола.