Англискиот премиерлигаш Челси поднесе жалба пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) со која бараат да им се тргне забраната за трансфери од ФИФА.
Шампионите од Лига Европа во февруари добија казна за забрана за трансфери во два преодни рока и финансиска казна од 600.000 франци поради прекршување на правилата за трансфер и регистрации на фудбалери под 18 години.
ЦАС потврди дека клубот од западен Лондон поднеле жалба, но не потврдија кога ќе ја разгледаат и кога ќе биде донесена одлуката, што не незгодно за Челси пред стартот на летниот преоден рок.