Top Sport

Челси прифатиле 40 милиони евра за Ковачиќ

Матео Ковачиќ е пред трансфер во Манчестер сити, откако англискиот и европски шампион се согласил да плати отштета од 40 милиони евра на Челси, тврди „ЕСПН“.

Хрватскиот репрезентативец преговараше со Сити веднаш по крајот на сезоната, а Челси се во позиција во која сакаат да го скратат својот тим по пристигнувањето на Маурисио Почетино како нов менаџер.

29-годишниот играч од средниот ред во моментов го чека финалетона Лигата на нации со Хрватска против Шпанија, по што следната недела се очекува официјализирање на договорот. Тој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Реал Мадрид во 2018 година, првично на позајмица, и со „сините“ освои трофеи од Лига Европа, Лигата на шампиони и УЕФА Суперкупот.

Scroll to Top