Top Sport

Сампдорија, сепак, „преживеа“

Сампдорија нема да банкротира и да мора да се врати во аматерските лиги, откако италијанската лига им го одобри буџетот за следндата сезона, а исто така добија и банкарски заем за подобрување на ситуацијата.

Сезоната 2022/23 нема да биде запаметена само по испаѓањето од Серија А на Самп, туку поради големите финансиски проблеми со неисплатени плати, откако газдата Масимо Фереро заглави во затвор поради измами во другите негови бизниси. Поранешниот

газда на Лидс јунајтед, Андреа Радрицани заедно со Матео Манфреди работат на презема на клубот, а денеска добија зелено светло од состанокот на акционерите на клубот. Таму се даде зелено светло да се одобри буџетот, со што ќе може да се регистрираат во Серија Б, со помош на одобрениот заем од локалните банки.

Scroll to Top