Top Sport

Челси продолжува со трансфер-походот – го договорија Густо за 30 милиони евра

Челси се пред комплетирање на својот седми трансфер во јануари, откако според француските медиуми постигнале договор со Лион за трансфер на бекот Мало Густо за 30 милиони евра.

Според „РМЦ спорт“, 19-годишниот Густо ќе стане во Лион на позајмица до јуни, откако францускиот тим инсистирал на ваков договор. Челси имаат проблем во дефанзивниот аспект, откако Рис Џејмс доби повреда на коленото. За Густо беа заинтересирани и Манчестер јунајтед.

Челси во јануари веќе ги купија Беноа Бадијашил, Давид Датро Фофана, Андреј Сантош, Михајло Мудрик, Нони Мадуеке, а го добија и Жоао Феликс на позајмица од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top