Top Sport

Челси против Јунајтед во петтото коло на ФА купот

Актуелните освојувачи на англискиот ФА куп Челси ќе се „судрат“ со Манчестер јунајтед во петтото коло од ФА купот во реприза на минатогодишното финале.

Со Арсенал, Тотенхем и Ливерпул во аут, понеделничката ждрепка за ФА купот значи дека само два од топ 6 во англиската Премиер лига ќе влезат во четврт-финалето. Челси лани победи со 1:0 на „Вембли“ благодарение на голот од пенал на Еден Азар.

Њупорт каунти, англискиот третолигаш можат да се сретнат со шампионите од Премиер лигата, Манчестер сити, ако го поминат Мидлзборо во вториот меч. Њупорт, кои веќе ги елиминираа Лестер, одиграа 1:1 во Мидзлборо во саботата и ќе бидат домаќини на вториот меч на 5 февруари.

Донкастер роверс, кои исто така играат во третата лига, се во петтото коло првпат по 63 години и ќе ги пречекаат премиерлигашите Кристсал палас. Вимблдон, кои ги елиминираа Вест хем, играат со второлигашот Милвол, кој го елиминираше Евертон.

ФА КУП, 5.КОЛО, 15-18 МАРТ

Бристол сити – Шрузбери таун/Вулверхемптон

Вимблдон – Милвол

Донкастер роверс – Кристал палас

Мидлзборо/Њупорт каунти – Манчестер сити

Челси – Манчестер јунајтед

Свонси – Барнет/Брентфорд

Портсмаут/Квинс парк ренџерс – Ватфорд

Брајтон/ВБА – Дерби каунти

Scroll to Top