Top Sport

Челси првпат од 1986 загубија осум меча на „Стемфорд бриџ“ во една сезона

Баерн Минхен на „Стемфорд бриџ“ беа пречекани со кореографија која го потсетуваше клубот на кошмарното финале од  Лигата на шампионите во 2012 година, кога Челси зачудувачки го крена трофејот. Меѓутоа, 90 минути подоцна, кошмарот е на страната на Френк Лампард и неговиот тим.

Второто полувреме покажа колку Баерн е пред Челси во моментов, откако го декласираа противникот, не само во нападот, туку и во одбраната и во средниот ред. Историјата вели дека Челси има невозможна мисија – во претходни 213 мечеви во кои клубовите загубиле со 0:3 дома во Лигата на шампионите, никој не успеал да се врати.

Покрај ова, уште позагрижувачка за Лампард треба да биде домашната форма на „сините“. Ако во изминатите сезони „Стемфорд бриџ“ беше место каде што страдаа тимовите од Премиер лигата и од Европа, поразот од Баварците е осми пораз во 2019/20 во сите натпреварувања, што е израмнување на негативниот рекорд од далечната 1985/86.

Гнабри ги „закопа“ Челси, Барселона успеа да стигне до реми под Везув (видео)

Scroll to Top