Top Sport

Челси сака да ги продаде Обамејанг, Зијеш и Менди во Саудиска Арабија

Челси, под водство на новиот менаџер Маурисио Почетино, се обидуваат да ги продадат Пјер-Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш и Едуар Менди на клубови во Саудиска Арабија, како дел од летната „чистка“ во клубот, тврди „Мундо депортиво“.

По преземањето на клубот од страна на американскиот конзорциум предводен од Тод Бели, „сините“ донесоа огромен број на фудбалери, така што првото задолжение на Почетино е да го скрати долгиот список на играчи.

Обамејанг планираше да се врати во Барселона ова лето, но каталонскиот клуб мора да внимава околу платите кои ги дава, а за него постои интерес од Ал-Наср (каде што е Кристијано Роналдо) и Ал-Итихад (каде што од неодамна е Карим Бензема).

Покрај ова трио, Н’Голо Канте речиси сигурно заминува во Саудиска Арабија, додека Каи Хаверц, Мејсон Маунт и Матео Ковачиќ се пред излез од „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top